Може да се намалат грижите: Ван Перси се огласи по повредата


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Робин Ван Перси се огласи на Твитер по вчерашната повреда.

    Тој во натпреварот против Акхисар мораше да ја напушти играта во првото полувреме и тоа поради тешка повреда на окото, а иако се мислеше дека тој ќе го изгуби видот, сепак нема да има посериозни последници.

    „Им благодарам на сите за убавите желби по мојата повреда. Исто така големо благодарам и до лекарскиот персонал кој многу добро внимаваше на мене. Имам исеченица на капакот на окото и по утрешните прегледи ќе можам да кажам дека се е во ред. Такви работи се случуваат во фудбалот. Среќен сум што победивме, а сега следат подготовките за дербито.“

    Да потсетиме, Фенербахче во тој натпревар успеа да победи со 3:1.