Можни се казни: Милан и Интер на „испит“ пред УЕФА


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Закажани се состаноци на Милан и Интер со УЕФА, а причината е Финансискиот фер-плеј (ФФП).

Претставниците на Интер ќе имаат состанок денеска со УЕФА, каде што ќе биде разгледувана нивната ситуација фо ФФП.

Интер беше казнет од УЕФА, откако претходно не успеаа да ги испочитуваат поставените услови во 2017. година.

Сепак, во Интер овој пат се убедени дека ги исполнуваат сите потребни услови, па ги подготвија документите и денес ќе разговараат за своите сметки.

Екипата од „Џузепе Меаца“ минатиот пат беше казнета со 20 милиони евра, зашто не ги исполнија условите.

Утре состанок со претставниците на УЕФА ќе има Милан, кој претходно не успеа да се договори со нив, па сега ќе се обиде да избегне казни.