Можно е Прилеп да игра со две Победи ?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како што пренесува Слободен печат, ако писмото на ФК Победа-Прилеп беше прочитано како што треба, се ќе беше познато- проширена Прва лига или пак три екипи ќе го загубат натпреварувачкиот статус!

По осум години, отпишаните се враќаат, каде? Не верувам дека денеска (6 февруари 2017) претседателот на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски позитивно ќе одговори на ултимативното барање на „Обединети за фудбалот“ и на иницијативните одбори на ОФС Тетово, Штип, Кисела Вода, Битола и Неготино „да ја напушти претседателската функција за да не го доведе македонскиот фудбал да доживее санкции кои можат да имаат катастрофални последици откога ќе мора да реагира УЕФА“. И, се разбира, да го одложи Собранието закажано за 18 февруари 2017, кое според изнесените документи на Обединети, ќе биде одржано со многу „нестатутарни“ делегати.

Веќе утре на адреса на УЕФА, во англиска верзија, веројатно ќе бидат упатени многу материјали врзани со одржувањето на Собранието на ФФМ. На адресата на УЕФА на 25 јануари 2017 година веќе беше упатена една препорачана пратка со фудбалска содржина од Македонија – раководството на ФК „Победа-Прилеп“ ја моли Европската фудбалска асоцијација да „асистира“ кај ФФМ за спроведување на Одлуката на ФИФА со број 090259 ЕХТ МКD. За што, всушност, станува збор? Пред неколку месеци пишував дека во идното првенство на Македонија, можно е Прилеп да игра со две Победи, оваа сегашната, но и онаа суспендираната од пред 8 години! Првата европска „жртва“ за сомнеж за лажиран натпревар беше прилепска Победа (Победа-Пјуник), со одлука на ФИФА екипата беше суспендирана од натамошното натпреварување во првенствата на Македонија под раководство на ФФМ во период од осум години почнувајки од натпреварувачката 2009/10 година.

Грижливо броејки ги деновите на казната во траење дури на два олимписки циклуса, луѓето блиски на клубот почнаа да живуркаат без да играат фудбал! Тоа највидливо беше при одбележувањето на значајниот јубилеј – 75 години ФК Победа кога од претседателот Игор Тошески и генералниот директор Денис Трајкоски дознав дека на 7 јуни 2016 години побарале од ФФМ да им испратат препис на одлуките во кои всушност се применети одлуките на ФИФА од страна на ФФМ. Се разбира, луѓето на ФК Победа-Прилеп имаат копии од нив, но со овој допис веројатно сакаа да ги потсетат луѓето во ФФМ за обврската што им претстои во натпреварувачката 2017/18 година.

Одговор, се разбира не добија, па како новогодишна честитка на 27 декември 2016 години повторно писмено бараат информација за реализирање на обврската што ја има ФФМ по истекување на осумгодишната суспензија. Ни писмено, ниту пак телефонски не стигнува никаков абер до „Блаже Темелкоски“ 36 (адреса на Победа-Прилеп), луѓето кои ги бројат последните денови од суспензијата го преведоа писмото упатено до ФФМ па со неколку збора бараат од УЕФА асистенција во спроведување на домашната задача на ФФМ.

Кој чека, веројатно и ќе дочека некаков си одговор. Каде ќе игра Победа-Прилеп во натпреварувачката 2017/18 година? Верувам дека претседателот и членовите на УО на ФФМ добро се запознаени со овој случај. Пред една година ако писмото на ФК Победа-Прилеп беше прочитано како што треба, пропозициите налагаат промена на натпреварувачкиот систем барем една година порано, значи се ќе беше познато- проширена Прва лига или пак три екипи ќе го загубат натпреварувачкиот статус!

По осум години, отпишаните се враќаат, каде? Собранието е највисок орган на ФФМ, ако до тогаш „отпишаните“ не добијат одговор, веројатно некогашниот фудбалер на Победа и сегашен член на УО на ФФМ (делегат во Собранието на ФФМ) Марјан Стојкоски ќе побара дополнување на дневниот ред во работата со точка посветена враќањето на ФК Победа-Прилеп во натпреварувачкиот систем во Македонија. Проблем е да се постави прашање, инаку во работата на Собранието на ФФМ секогаш е манифестирано максимално единство.

Извор: barkod.mk
http://barkod.mk/sportt/fudbal/item/1743-mozhno-e-prilep-da-igra-so-dve-pobedi