Монако тргнува по напаѓачот на Лестер


Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Монако ќе испрати понуда за напаѓачот на Лестер, Ислам Слимани веднаш штом Килиан Мбапе биде продаден на ПСЖ.

Според „Скај Спортс“ од таборот на Монако очекуваат младиот француски напаѓач да потпише со вицешампионот на Франција во следните 72 часа.

Веднаш потоа ќе следат преговори за Слимани за кого постои интерес и од Њукасл и од Вотфорд.

Ислам Слимани е втора опција во нападот на Лестер зад Џејми Варди и по само една сезона на „Кинг Пауер“ веројанто ќе ја промени средината.