Монтела во проблеми пред дербито со Интер


    ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


    Фудбалерите на Милан вечерва на „Сан Сиро“ го играат големото дерби против Интер во рамките на 13. коло од Серија А.

    Дербито се игра вечерва на „Сан Сиро“ со почеток од 20:45 часот, а навивачите на двете екипи со нетрпение го очекуваат почетокот на овој натпревар. Во нешто поголеми проблеми пред овој меч се наоѓа менаџерот на Милан, Винченцо Монтела, кој има проблеми со повредени играчи.

    Италијанскиот стратег денеска дефинитивно потврди дека вечерва нема да игра Алесио Ромањоли кој има проблеми со повреда. Тој беше под знак прашалник и вчера го одработи тренингот, но на крајот се потврди дека се уште не е подготвен за игра.

    Од другата страна, Пиоли најверојатно од првата минута на последната линија шанса ќе му даде на Гери Медел, додека на клупата ќе се пресели Џејсон Мурило.