Монтела ги советува Парижаните: Подобро е да молчите


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Менаџерот на Милан, Винченцо Монтела тврди дека порано се обидел да го донесе Марко Верати од ПСЖ.

    Монтела, додека ја предводеше Фиорентина, се обидел да го донесе Верати, кој денеска е мета на критики во Франција и е во одредени конфликти со сопствениците на клубот.

    „И се уште сум изненаден што ги прочитав критиките. Француските медиуми би требало да бидат среќни што Марко е во Париз, да не бил, би известувале за натпреварите на локалните клубови“, изјави Монтела.

    „Ако ова продолжи, тој ќе го напушти Париз. Не е само до медиумите, и другите го критикуваа, но тој го разбира фудбалот. Јас сакав да го доведам кога бев во Фиорентина, но тој замина во ПСЖ бидејќи тие имаа подобра понуда“, додаде Монтела.

    За италијанскиот репрезентативец интерес покажаа италијанските тимови Интер и Јувентус.