Мончи им стави крај на сите шпекулации и дилеми: Предводникот останува дел од „Римската волчица“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Спортскиот директор на Рома, Мончи, отпатува денес во Бостон каде ќе се состане со претседателот на клубот, Палото.

Рома оваа сезона не чекори по планираното, а на најголем удар се наоѓа тренерот Еусебио Ди Франческо. За тренерот на „Волчицата“ се веруваше дека ќе добие отказ по мечот со Џенова, но очигледно дека челниците на клубот имаат голема доверба во него.

Веќе со недели се шпекулира за тоа дека Ди Франческо ќе го напушти клубот, но дека Рома го чека со отказ, бидејќи првата желба им е Антонио Конте. Сепак, и покрај лошите резултати, Мончи изјави дека Ди Франческо добил поддршка од клубот и сигурно останува на „Олимпико“.

„Нашето мислење за тренерот не се промени и тој има целосна поддршка од клубот. Не можам да ви кажам како тој се чувствува, но можам да ви кажам дека сигурно останува тренер на Рома. Не го менувам така лесно мислењето за луѓето“, истакна Мончи.