Мончи и официјално ја напушти Рома, па се огласи на Инстаграм!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мончи го напушти клубот после серија многу лоши резултати, а откако одлуката беше и јавно соопштена, Шпанецот се огласи преку социјалните мрежи.

„Ми требаше секунда да го одберам Рим, а невозможно ќе биде да го заборавам. Напред Рома“, кратко порача Мончи преку Твитер, а нешто подолга порака остави на Инстаграм.

Тој напиша како веднаш се заљубил во Рим и дека со голема страст ја работел работата во Рома.

„Знам дека не ги постигнавме сите резултати за кои страстно работевме, затоа знаевме некој пат да влеземе во расправии. Сакам да им се заблагодарам на сите луѓе со кои работев овие две години, сите допринесовте Рим да биде мој дом.Ми требаше секунда да го одберам Рим, а невозможно ќе биде да го заборавам. Напред Рома“, напиша Мончи.

Да потсетиме, тој ја вршеше улогата спортски директор во Рома од летото 2017. година, а навивачите најмногу му замерија што минатото лето се одрече од неколку фудбалери, Нианголан, Бекер и Стротман. Од друга страна, дефинитивно се испостави дека не доведе достојни замени.