Мончи повторно во напад: Во Рома пристигнува шведски репрезентативец!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рома донесе голем број засилувања во овој преоден рок, но Мончи не сака да сопре.

Се очекува доаѓање на фудбалерот на Ајакс, Хаким Зиех, а сега италијанските медиуми пишуваат дека на „Олимпико“ може да пристигне играч, кој воодушеви со игрите во дресот на Шведска на Мундијалот – Емил Форсберг.

Крилниот напаѓач на Ред Бул Лајпциг импресионираше со неговите игри на Мундијалот, па тој е еден од најзаслужните за тоа што Шведска дојде до четвртфинале.

„Спортиталија“ пишува дека Рома е заинтересирана за 26-годишниот Форсберг како ново засилување, а се шпекулира дека Швеѓанецот сака да го напушти Лајпциг летово.

Тренерот на Рома, Франческо Ди Еузебио е воодушевен од игрите на Форсберг, па потенцијалните преговори би можеле да почекаат до крајот на Мундијалот во Русија.