„Мораме да бидеме повеќе агресивни“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Џејмс Харден одигра одличен натпревар против Сан Антонио, но неговите 43 поени беа недоволни за втор триумф на Хјустон во втората рунда од плеј-оф.

Екипата на Грег Попович славеше со 103:92 во тојота центарот, а најзаслужни за победата на Спарси беа Олдриџ и Леонард со по 26 поени.

Популарниот Харден по завршувањето изјави дека неговиот тим мора да игра на повисоко ниво за да направи нешто.

„Имавме неколку прилики, но не успеавме тимски да бидеме во континуитет. Само мора да играме подобро, мислам дека и сега сме добри но мора да се вклучат повеќе играчи во напад и тие да имаат поголема самодоверба и да бидат повеќе агресивни“ – вели Харден.

Спарси сега водат со 2:1, а наредниот натпревар е во недела навечер.