Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендарниот швајцарски тенисер, Федерер вели дека има намера да игра на Ролан Гарос, но само ако биде мотивиран.
Тој по одличниот старт на сезоната одлучи да ги пропушти сите турнири на земја за да го дочека Вимблдон.
„Се пријавив за Ролан Гарос и планот е да играм во Париз. Морам да бидам гладен и возбуден за да се префрлам на земја и за да направам нешто. Не сакам да се појавам само за да ги направам среќни луѓето. Би можел да влезам во серија, а потоа не се знае.“
Тој во Париз играше 5 финалиња, а 4 пати изгуби од Надал додека во 2009 година го искористи поразот на Шпанецот и победи против Содерлинг во финалето.