„Морам да возам подобро“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Актуелниот шампион во Ф1, Хамилтон изјави пред ГН на Малезија дека мора да вози подобро ако сака да ја одбрани титулата.

    Хамилтон во последните 3 трки е во целосна сенка на Розберг, кој на 6 трки пред крајот има 8 бодови предност.

    Запрашан што е потребно да го извлече најдоброто од својот болид, тој одговори:

    „Морам да возам подобро. Морам да поминувам повеќе време на патеката. Се надевам дека ќе немам проблеми овој викенд.“

    Тој во текот на тренингот во Сингапур имаше проблем со хидрауликата, а по доаѓањето во Сепанг изјави дека бил свесен за тоа и дека затоа во Малезија ќе се потруди да го искористи времето најдобро што знае.

    „Оваа година имав многу повеќе проблеми во борба за титулата. Се борам со тоа, се обидувам да бидам позитивен и се надевам на подобар викенд.“