Мората заминува од Челси, но останува во Премиерлигата!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челси очигледно ќе го продаде Алваро Мората, откако управата не е задоволна со неговата форма, а најверојатно Шпанецот ќе остане во Премиерлигата.

Шпанецот го поврзуваа со трансфер во Севилја, Барселона, Атлетико Мадрид, но сега англиските медиуми го селат Мората во Вест хем.

Вест хем ќе го продаде Марко Арнаутовиќ за 36 милиони фунти во Кина, па поради тоа сака да ангажира негова замена.

Тие сакаа да го ангажираат Калум Вилсон од Борнмут, кој игра одлично сезонава, но не успеаа во своите намери, па поради тоа изборот падна на Мората.