Морезмо се пензионира: Причината е преубава!


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Поранешната најдобра тенисерка во светот, Амели Морезмо поднесе оставка на функцијата селектор на Фед купот на репрезентацијата на Франција.

    Како причина за овој потег ја наведе својата бременост.

    Морезмо неочекуваната информација ја објави ден по поразот на Франција во финалето на Фед Купот од Чешка.

    Таа изјави дека поради бременост, во април нема да биде во можност да ја води репрезентацијата.

    Морезмо додаде дека до денес не им кажала на тенисерките дека е бремена за да бидат тие 100% сконцентрирани на финалето.

    Амели Морезмо прв пат се породи во август минатата година кога роди син.

    Таа функцијата на селектор на Франција ја извршуваше од 2013 година, а од 2014-та до мај оваа година беше тренер и на Енди Мареј.