Мохамед Салах повторно избран за најдобар играч на годината во Африка


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Египетскиот фудбалер Мохамед Салах повторно е избран за најдобар играч на годината во Африка.

Да потсетиме, Салах беше во конкуренција со Мане и Обамејанг кога е во прашање ова престижно признание, но на крајот повторно тој ја доби наградата.

Тој минатата година со својот Ливерпул играше во финалето на ЛШ, а исто така беше прв стрелец во Премиер лигата со 32 постигнато голови.

Да потсетиме, во декември го освои и признанието на BBC за афрички играч на годината.