Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓
Францускиот тенисер, Гаел Монфилс одличната сезона ја заврши со пласман во Лондон. 6-от играч во светот во 2016-та година освои 1 трофеј и во Лондон доаѓа со скор 44-15.
Монфилс во групата „Иван Лендл“ ќе игра против Раониќ, Ѓоковиќ и Тим, но без оглед на конкуренцијата, тој сака да искористи добар момент и да се пласира во ½-финале
„Многу сум среќен што сум тука. Прв пат играм во Лондон и многу сум горд што сум дел од овој настан. Сите напорно работевме, а тоа даде резултат.“
Французинот вели дека крајот на сезоната е секогаш најтежок.
„На психолошки план е многу тешко. Меѓутоа, верувам во себе, бидејќи победив во многу натпревари. Чувствувам дека мојата игра е блиску до совршенство и доаѓам на турнирот во добро расположение.“
Французинот на стартот на турнирот ќе игра против Раониќ.