„Моја единствена желба е да се врати Федерер“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Швајцарскиот тенисер Вавринка откри дека во 2017-та година има само една желба, а таа се однесува на Федерер. Познато е дека Вавринка и Федерер се добри пријатели.

    „Што се однесува до тенисот, моја единствена желба е да се врати Федерер на самиот врв и да нема проблеми со повреди. Мислам дека добро е за сите кога тој игра.“

    Федерер нема играно од Вимблдон, каде беше поразен во ½-финалето од Милош Раониќ. Потоа се повлече од сите други турнири за да одмори од повредата на коленото и најави дека ќе се врати на терените во јануари.