„Мојот сон е да играм за Реал!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Младиот турски фудбалер Емре Мор отворено признава дека сака да игра во Реал Мадрид.

Мор моментално е во Борусија Дортмунд, но нема ништо против да заигра во Реал.

„Желба ми е да играм за Реал и да бидам ѕвезда.“

Мор и претходно на натпреварот помеѓу Турција и Хрватска ја искористи шансата да се слика со Модриќ и уште тогаш покажа симпатии кон Реал.

Тој пред Дортмунд играше за Нордсјаеленд, а оваа сезона во 8 натпревари постигна 1 гол и 3 асистенции.

Сеуште чека вистинска шанса во Борусија, а можеби и нема да ја дочека ако биде брз Реал.