„Мојот сон се Грен Слемови и првото место“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Роџер Федерер има сон повторно да освои Грен Слем, како и да се врати на првото место на АТП листата. Федерер не игра од поразот во ½-финалето во Вимблдон, а на теренот се враќа на почетокот на 2017-та година.

    „Во текот на последните неколку денови почуствував напредок. Сеуште имам 70 денови да се подготвам. Наредната недела ќе биде важна.“

    Легендарниот тенисер ги предупреди колегите.

    „Ако бидам подготвен 100%,останатите тенисери ќе имаат проблем. Некои високо рангирани нема да имаат среќа да се сретнат со мене во ¼-финале на турнирот, можеби дури и во 2-то коло. Вообичаено со тие играчи се сретнував во завршницата на турнирите. Слично се случи кога Рафа се врати. Сите се молевме да не се најдеме во ист дел од ждребот. Јас ќе бидам 15 или 16-ти место, позиција на која не сум бил од 2002 година.“

    Од 2012-та година нема освоено Грен Слем, а таа година последен пат беше и прв играч во светот.

    „Мојот сон е да продолжам да освојувам Грен Слемови и да се вратам на првото место на АТП листата, но кога луѓето ќе ме прашаат дали ќе играм во 2018-та година, јас се надевам дека ќе играм, но претходно мора да одиграм 5 турнири во низа без физички проблеми.“