Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Македонскиот фудбалер, Ѓорѓи Мојсов го засили прволигашот Пелистер.
На овој начин Мојсов се врати во Македонија по авантурата во Казахстан во дресот на Жетису.
Договорот со казахстанскиот клуб му истече на македонскиот фудбалер, па реши да се врати во Македонија и се договори со битолскиот клуб.
Ова е трето враќање на Мојсов во Пелистер после 2005-та и 2013-та година кога го носеше дресот на македонскиот прволигаш.
Мојсов во Македонија има играно и за Ренова, Хоризонт Турново, Вардар и Работнички.