Мојс купува поранешен играч на Манчестер Јунајтед


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


„Скај спортс“ пренесува дека Вест Хем ќе тргне со сите сили по играчот на Евертон, Морган Шнајдерлин за кого се подготвени да издвојат 20 милиони фунти.

Фудбалерот на Евертон помеѓу „карамелите“ пристигна пред точно една сезона од Манчестер Јунајтед за сума од 24 милиони фунти и беше во прв план кај Роналд Куман.

Сепак по смената на тренерот и доаѓањето на Алрдајс на клупата на Евертон, Шнајдерлин се поретко добива шанса и веројатно ќе го напушти „Гудисон Парк“ оваа зима.