Мојс не го дава својот напаѓач: Сандерленд го одби Вест Хем!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вест Хем се обиде да го купи Џермеин Дефо од Сандерленд, но тие одбија понуда од 6 милиони фунти.

Англиските медиуми шпекулираат дека Вест Хем ќе ја зголемат понудата за напаѓачот.

Дефо има 34 години, но постигна 11 голови во 21 натпревар оваа сезона.

Тој во понеделникот постигна 2 голови во ремито на Сандерленд со Ливерпул.

Сепак, тимот на Мојс е на 18-то место на табелата, па и оваа сезона ги чека тешка борба за опстанок.

Дефо во текот на кариерата играше за Тотенхем, Портсмут и Торонто. Има одиграно 55 натпревари за Англија и 19 голови постигнато.