Моќните Бразилци ја преслушаа репрезентацијата на Русија


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалерите на Бразил славеа убедлива победа од 3:0 против домаќинот на Светското првенство, Русија на стадионот „Лужники“ во Москва.

Првиот дел воопшто не беше исполнет со фудбалска убавина и беа видени само неколку полушанси на двете страни.

Затоа второто полувреме беше целосно поинакво. Во 53. минута Бразил стигна до предност откако Миранда налета на одбиена топка и ја затресе мрежата на Акинфеев.

Во 61. минута веќе беше 2:0 за Бразил по голот на Кутињо од белата точка откако претходно Паулињо беше фаулиран во казнениот простор на Русија.

Конечниот резултат го постави Паулињо во 66. минута од средбата по одличната асистенција на Вилијан.