Мрме попушти, Несторовски нема да игра против Норвешка


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски попушти пред молбите на Зампарини и Палермо и го ослободи Несторовски од репрезентативните обврски.

Така, прилепчанецот нема да може да помогне на нашата репрезентација на пријателскиот натпревар против Норвешка.

Се уште не се знае дали Ангеловски ќе повика дополнителна замена за напаѓачот кој игра во извонредна форма.

Натпреварот помеѓу Македонија и Норвешка ќе се игра на националната арена „Филип Втори“ на 11 ноември.