„Мулинукс“ кобен за Манчестер Јунајтед: Непрепознатливите „Ѓаволи“ испаднаа од ФА Купот


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Последната средба од денешната програма четвртфинални натпревари од ФА Купот го одиграа Вулверхемптон и Манчестер Јунајтед, а победата ја однесе домашниот тим со 2:1.

Избраниците на Нуно Еспирито Санто одиграа тактички перфектен натпревар и сосема заслужено се пласираа во полуфиналето од најстарото англиско натпреварување.

„Волците“ одиграа маестрално второ полувреме во кое постигнаа два погодоци преку Раул Хименез и Диого Жота.

Манчестер Јунајтед постигна гол, но тој стигна во последната минута од судиското продолжение, а го постигна Маркус Рашфорд.