До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Како што пренесува Тутоспорт од редовите на Милан ова лето ќе се обидат во своите редови да го донесат напаѓачот на Севилја, Луис Муриел.
Колумбискиот интернационалец има богато искуство со играње во Серија А откако во минатото го носеше дресот на Сампдорија и Удинезе.
Сега, Милан го посакува во своите редови како замена за Никола Калиниќ кој ни од далеку не ги оправда очекувањата вложени во него кога беше донесен од редовите на Фиорентина.













