Мурињо: Арсенал е преголем притисок за Михтаријан


    ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


    Менаџерот на Манечстер Јунајтед, Жозе Мурињо изјави зошто не го ставил Михтаријан во составот против Арсенал.

    Тој исто така истакна дека поранешниот играч на Борусија Дортмунд ќе игра во вторник против Феенорд.

    Михтаријан ретко добива шанса оваа сезона под водство на Мурињо.

    „Му реков во саботата дека ќе игра против Феенорд. Се труди. Јасно е дека не е среќен, но префрлува фрустрација на добар начин, а тоа е молчење, работа напорно и се вклопува. Му реков дека натпреварот против Арсенал не е за него бидејќи мислам дека му се потребни 10 или 20 минути од клупата. Потребно му е помалку притисок за да го покаже својот квалитет“, изјави Мурињо.