Мурињо бесен на неупатениот помошник


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Дека Жозе Мурињо ги контролира и најситните детали во Манчестер Јунајтед можеше да се види на натпреварот од Европската лига против украинскиот Зорија.

    Португалецот во второто полувреме се „истресе“ на помошникот Џовани Чера кој, според пишувањата на медиумите, погрешно ги запишал линините на движење на Пол Погба во тактичките белешки.

    Промената на распоредот на играчите во тимот на Зорија потоа го збуни Французининот кој не знаеше кој треба да чува па дојде до аут линијата со цел да добие инструкции од вториот помошник Рио Фарија. Со оглед дека Чера не знаеше да му одговори, следеше брзо и бесно одење на Мурињо кон делот на клупата каде што се помошниците.

    Го подигна тонот и со прсти се обрати на Фарија, а „продолжи“ со удирање по неговите белешки за подготовка на натпреварите.

    „Работата е во прекините и организацијата. Зорија го промени тимот пред натпреварот и Пол беше малку збунет со нивните промени. Секако сакам моите помошници да обраќаат внимание на сите детали“, ја опиша ситуацијата Мурињо.

    Манчестер Јунајтед Зорија го победи со 1:0 со голот на Ибрахимовиќ.