Мурињо во јануари го руши трансфер рекордот на Манчестер Јунајтед

„Лондон Ивнинг Стандард“ пишува дека Манчестер Јунајтед сите сили во јануарскиот преоден рок ќе ги насочи кон трансферот на Калиду Кулибали од редовите на Наполи.

Фудбалерот на Наполи е еден од најдобрите централни дефанзивци во моментов и токму затоа за него Мурињо ќе треба да издвои над сто милиони евра.

Доколку се оствари ваквиот трансфер Кулибали ќе стане најскапиот дефанзивец во светот, а ќе биде и најскапиот фудбалер во историјата на Манчестер Јунајтед.