Мурињо ги демантираше медиумите, Роналдо никогаш не беше пред враќање во Јунајтед

Жозе Мурињо потврди дека враќањето на Кристијано Роналдо во Манчестер Јунајтед никогаш  не било планирано.

Во текот на претходните денови излегоа шпекулации кои говореа дека настанала кавга помеѓу Мурињо и раководството на Манчестер поради Кристијано Роналдо. Наводно од раководството го сакале  Португалецот, но Мурињо одбивал да го донесе.

Сето тоа го негираше токму Жозе Мурињо: „Јувентус е еден од тимовите кои инвестираа за освојување на Лигата на шампионите затоа што не мора да инвестираат за да го освојат Скудетото. Нивната цел очигледно е Лигата на шампионите и токму затоа го донесоа Роналдо.

За Кристијано ние никогаш не разговаравме за да кажам „да“ или „не“. Никогаш немавме таков предлог на маса“- коментираше Мурињо.