Мурињо ги откри плановите за наредното лето


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


Поранешниот тренер на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо вели дека сака да се врати на тренерската работа во текот на летото, но чека вистински проект.

Искусниот стратег е без работа од декември минатата година, кога го напушти Манчестер, а призна дека од тогаш добил три-четири понуди.

„Би сакал да се вратам во јуни и да почнам подготовки со некој клуб. Знам точно што не ми се допаѓа. Работам и се подготвувам за наредниот предизвик“, кажа Португалецот.

Новинарите му поставија прашање дали планира да води некоја репрезентација на Мундијалот во Катар во 2022 година, но тој кажа дека сака да води некој клуб, а не селекција.