Мурињо: Де Геа останува со сигурност


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Жозе Мурињо потврди дека Де Геа ќе остане во Манчестер Јунајтед оваа сезона.

Менаџерот на „Ѓаволите“ истакна дека наредил да се контактираат челните лица на Реал Мадрид во врска со трансферот на  Де Геа, но дека тие одлучиле да не влегуваат во преговори и ја пропуштиле шансата да го донесат голманот ова лето.

„Можам да гарантирам дека нема да си оди оваа сезона. Тој беше контактиран долго време, но ние не бевме. Затоа ние отворивме преговори затоа што сметам дека доколку играчот има желба да замине, не сакам да го запирам затоа што на крајот не го добиваш од него она што го очекуваш. Затоа отворивме преговори со Реал Мадрид, но тие се одлучија набрзо да ги затворат“- коментираше Мурињо.

Според овие зборови јасно се гледа дека и Де Геа имал интенција да го напушти „Олд Трафорд“ но ќе остане со „Ѓаволите“ барем уште една сезона.

Мурињо истакна дека Де Геа и покрај ваквиот развој на настаните е посреќен од било кога.