„Мурињо е навистина посебен“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Не е баш се идеално за Мурињо од кога дојде во Јунајтед но како сезоната се приближува до својот крај, така Мурињо ги реди коцките како што сака.

„Сигурен сум дека Мурињо може и дека ќе успее да освои ПЛ. Тој не е личност која се задоволува со пласман во Европа. Посебно кога се работи за клуб како Јунајтед со голема историја и традиција“ – вели Дејан Станковиќ.

„Очекувам успех на Јунајтед од една причина – Мурињо. Тој во потполност е посветен на својата работа. Знае да го извлече најдоброто од екипата и секогаш е фокусиран само на фудбалот и ништо друго. Тој навистина е посебен“ – додаде Дејан Станковиќ.