Тен Хаг замина, во Манчестер журка! ↓↓↓
Тренерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо не е загрижен за неговата работа на „Олд Трафорд“ без разлика на лошиот почеток на сезоната.
Португалецот симна голем товар од грбот со победата против Барнли во минатото коло, но јасно е дека навивачите не се задоволни само со два триумфи во првите четири кола во Премиерлигата.
Англиските медиуми пишуваа дека Мурињо не е во добри односи со некои играчи и управата, но Португалецот го „изгасна пожарот“.
„Велат дека сум во опасност, но не е така. Ако ме отпуштат, знаете ли колку треба да ми платат?“, кажа Мурињо.
Португалецот заработува 15 милиони фунти годишно и доколку добие отказ, ќе мора да му биде платено вистинско богатство.
? Matic: “Of course, it takes away the pressure [that Mourinho takes everything on him]. He knows what he’s doing. You probably know that too. It’s good for us. It is one of the best in the world. You know what he won in his career so it shows you everything. ” #MUFC pic.twitter.com/ZuYze2lLEx
— Ammad United ?? (@Ammadutd) September 3, 2018