„Мурињо е љубоморен на Конте!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од многумината кои мислат така е легендарниот бек на Манчестер Јунајтед.

Антонио Конте избегна да се расправа со Мурињо преку медиуми поради коментарите на Мурињо дека Челси игра конзервативен фудбал, иако Конте можеше веднаш да му врати со постигнатиот број на голови на тимовите на Јунајтед и Челси.

Таа изјава на тренерот на Јунајтед привлече многу внимание, а многумина ја оценија како лицемерна, а Невил смета дека тоа е љубомора.

„Тоа што го кажа требаше да биде комплимент, но тој не дозволи на себе да го даде. Особено не на Челси.“

„Челси изгледа како што Мурињо би сакал да изгледа неговиот тим. Стабилно, со балансиран тим на сите позиции. Искрен да бидам додека не го погледнав нивниот натпревар против Сити, мислев дека играат досадно, но тие играат фантастично.“