Мурињо збесна: Претседателот на Наполи си игра играчки со Португалецот


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Тренерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо сака да ангажира квалитетен дефанзивец во јануари, зашто е свесен дека одбраната не му функционира како што треба.

„Црвените ѓаволи“ сезонава се мачат во Премиерлигата и во Лигата на шампиони, па многу тешко стигнуваат до победи.

Мурињо во претходните сезони ангажираше големи засилувања во нападот и во средниот ред, но очигледно сега најголемите проблеми му се во одбраната.

Англиските медиуми пишуваат дека Португалецот решил во јануари да ангажира засилување во одбраната, а прв на листата со желби е Калиду Кулибали.

Јунајтед веќе се распрашувал за неговите услуги и испратил неодамна понуда од 90 милиони евра, но италијанскиот клуб веднаш ја одбил.

Сепак, Мурињо не сака лесно да се откаже од одличниот стопер на Наполи и се обиде повторно да го убедува Аурелио Де Лаурентис.

Овојпат од „Олд Трафорд“ стигнала понуда од 103 милиони евра, но претседателот на Наполи повторно ја одбил и порача дека Кулибали не е на продажба.

„Никој нема шанси да купи фудбалер, освен ако не испрати некоја луда понуда. Или може за овие пари да си купи некој фудбалер, кој е многу послаб од Кулибалли“, порача Де Лаурентис.