Мурињо: Златан ја игра последната сезона во Манчестер Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Жозе Мурињо на денешната прес конференција во пресрет на дуелот со Кристал Палас истакна дека Златан Ибрахимовиќ веројатно ќе го напушти клубот во летниот преоден рок.

„За Златан, сите мислиме дека ова е негова последна сезона во Манчестер Јунајтед. Негова лична одлука ќе биде дали ќе игра и понатаму или ќе се пензионира.

Тој го има правото за да избере како ќе живее. Златан е неверојатен фудбалер кој имаше фантастична кариера и само таа катастрофална повреда во погрешен момент ги расипа неколкуте години кои можеше да ги има со нас.

Сезонава е многу тешка за него. Тој не е повреден, но дали се чувствува целосно среќен и убеден дека е во состојба да помогне на тимот во овој момент? – Не. Но тој е многу искрен и е вистински шампион и сака да биде на теренот само кога ќе биде тотално фит“- коментираше Мурињо.

Сериозен интерес за Ибрахимовиќ има од редовите на Лос Анџелес Галакси па лесно може да го видиме Швеѓанецот во МЛС Лигата следната сезона.