Мурињо: Луѓето кои се паметни, ја разбираат ситуацијата во Манчестер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед доживеа тежок удар откако беше елиминиран во Лигата на шампиони од Севилја.

Навивачите на Јунајтед се фрустрирани со последните резултати на тимот и полека го грбат трпението.

Критиките се уште поголеми кон Мурињо. Беа потрошени многу пари на засилувања, а резултати се уште нема.

„Тие кои се паметни, гледаат дека клубот е во процес на транзиција. Ја разбирам лутината, тагата, но не можам повеќе од тоа да разберам. Во фудбалската историја најголемите клубови поминувале низ ваков период“, вели Мурињо.