Мурињо му прости на асистентот на Сари: Секој прави грешки


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Жозе Мурињо истакна дека му простува на асистентот на Челси, Марко Јани кој го провоцираше по израмнувачкиот гол на Рос Баркли.

35 годишниот асистент на Сари лично му се извинил на Мурињо, а  Португалцот истакна дека не е среќен затоа што целата оваа работа заминала толку далеку.

„Не сум среќен што оваа работа отиде толку далеку. Не мислам дека заслужи повеќе од тоа што го доби. Ми се извини, а јас го прифатив извинувањето. Сметам дека заслужува втора шанса, не сметам дека заслужува да добие отказ“- коментираше Мурињо.