Мурињо навива Вест Хем да испадне: Причината е многу едноставна!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вест Хем оваа сезона е во големи проблеми, иако многумина очекуваа дека ќе бидат во горниот дел од табелата.

Екипата на Вест Хем оваа сезона никако не успева да влезе во форма, се наоѓа на само бод од зоната за испаѓање, а многу медиумите пренесуваат дека Билиќ е пред отказ.

Проблемот би можел да биде и во незадоволството на фудбалерите кои играат за Вест Хем, а еден од нив е Димитри Паје.

Се споменува негово заминување од Вест Хем, сигурно не во зима, но на лето би можел да се пресели во голем клуб.

Тој моментално е најплатен играч во Вест Хем во историјата на клубот, заработува 125.000 фунти неделно, а во својот договор има и една клаузула.

Ако Вест Хем испадне од лигата, тогаш Паје ќе може да замине од клубот за само 15 милиони фунти.