Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Португалецот наскоро повторно на големата сцена.
Жозе Мурињо моментално ужива во својата работа како коментатор на фудбалските случувања на телевизијата „Russia Today“.
Португалецот на крајот на изминатата година спогодбено го раскина договорот со Манчестер Јунајтед кој тоа мораше дебело да го плати.
Потоа „Специјалниот“ се поврзуваше со бројни европски клубови, но не сакаше да се впушта во неизвесни авантури среде сезоната.
„Во оваа краткорочна фаза од мојот жибот, која ќе надевам ќе трае само до јуни, сакам да дознаам што другите би направиле во одредени ситуации. Сега не се фокусирам на себе, туку ги анализирам потезите на другите“, истакна Мурињо за шпанските медиуми и така можеби најави големо враќање во тренерските води.
Чудни работи се случуваат во Челси, клубот во кој двапати беше тренер, па на англиските медиумите не им беше потребно многу да соберат „два и два“.