ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Со погодокот на Оливиер Жиру, Арсенал успеа да освои бод на „Олд Трафорд“ против Манчестер Јунајтед (1:1).
Менаџерот на „Црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо не е среќен поради она што се случи во последните секунди, и тврди дека неговиот тим е најнесреќниот во Премиер лигата.
„Испуштивме два бода. Не имаа шанса за победа, ние бевме феноменални. Игравме одлично во одбраната и имавме целосна контрола над нивните контра напади. Постигнавме фантастичен гол, можевме да го добиеме мечот и единствениот пат кога им дозволивме да дојдат до голот, тие постигнаа гол“, изјави Мурињо.
„Имаа среќа, но затоа ние сме најнесреќниот тим во Премиер лигата. Тоа е реалност“, додаде Мурињо по натрпеварот.