Мурињо откри зошто не зборува со шпанските новинари


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Тренерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, остро ги демантираше шпекулациите за враќање во Реал Мадрид.

Португалскиот тренер е наводно еден од кандидатите да го наследи Хулен Лопетеги на тренерското место на „кралевите“.

Исто така, Мурињо пред дуелот против Јувентус во Лигата на шампиони доби прашање за Пол Погба.

„Сакам да останам во Јунајтед до крајот на договорот и да останам и после тоа. Не сакам да зборувам за Погба, не сакам да зборувам посебно за некои играчи. Не сакам да разговарам со шпанските медиуми затоа што ги интересира за Реал и Роналдо“, кажа Мурињо.