Мурињо откри неверојатни вести поврзани со Ибрахимовиќ


    ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


    Златан Ибрахимовиќ и следната сезона ќе игра во Манчестер Јунајтед, потврди менаџерот на црвените ѓаволи, Жозе Мурињо.

    Тоа значи дека шведскиот напаѓач ќе ја активира и втората година во договорот со Јунајтед. Имено, Ибра кога пристигна потпиша договор на една година, плус една година.

    „Ситуацијата со Златан е едноставна, тој има уште една дополнителна година во договорот, а ние сме среќни со него. За две години ќе биде слободен. Сега е среќен тука. Ова е последен голем предизвик во неговата голема кариера“, изјави Мурињо.

    Ибрахимовиќ оваа сезона во 11 настапи во Премиер лигата постигна шест гола.