Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Зборувајќи на прес конференцијата пред утрешниот натпревар против Реал Мадрид, тренерот на Манчестер Јунајтед се осврна и на нашиот фудбалер Горан Пандев кој е амбасадор на овој настан.
Сепак, за жал, Горан Пандев нема да може да дојде на натпреварот поради тоа што неговиот тренер во Џенова, Иван Јуриќ не го ослободува од обврските ниту на еден ден.
Запрашан дали би постапил исто или би го критикувал тренерот на Џенова поради одлуката да не го пушти Пандев во Скопје, Мурињо изјави: „Не сакам да бидам во позиција кога мојот колега од Џенова ќе рече тоа не е негова работа. Па ако кажам нешто тренерот на Џенова може слободно да каже- Жиозе грижи се за Манчестер затоа што во Џенова јас сум главен. Горан веројатно е најдобриот играч во историјата на Македонија, неговото име е најпознато фудбалско име во оваа земја. Ова е специјален момент за државата и мислам дека приватните авиони прават чуда, тој може да дојде само за мечот и да замине по мечот, но одговорноста е негова, а јас не го критикувам тренерот на Џенова што не го пушта“- коментираше Мурињо.
Тренерот на Манчестер Јунајтед исто така се истакна дека закажал тренинзи во Манчестер во пет часот попладне со цел да ги подготви играчите за горештините во Скопје, но секој ден било врнежливо.