Мурињо повторно во проблеми: Што правел на плажа во Доха?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот тренер на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо повторно се наоѓа во големи проблеми. Тој секогаш ја потврдуваше важноста на неговиот брак, кој трае веќе 30 години, па ја покажуваше и љубовта кон сопругата и децата.

Мурињо вчера бил забележан на плажа во Доха и тоа во друштво на Пру Картер-Робинсон и својот асистент Ричард Формосин.

Наводно, тие двајца се сончале и внимавале да не бидат блиску. Тоа што е интересно е тоа што таа на својот телефон имала сликичка од Манчестер јунајтед.

„Сан“ пишува дека Пру и Мурињо се во блиска врска. Тие се запознале кога Мурињо бил тренер во Мадрид, а поминувале време по заеднички одмори во делови од светот.

Низ својата кариера Мурињо секогаш ја покажуваше важноста на неговиот брак, но додека тој беше тренер на Манчестер, тој живееше во хотел, додека неговото семејство живееше во Лондон, во куќа која чини12 милиони евра.