Мурињо повторно пазари во Лондон


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Медиумите во Англија пишуваат дека Манчестер Јунајтед следното лето ќе тргне по услугите на играчот на Челси, Вилијан.

Наводно „ѓаволите“ се подготвени да платат околу 40 милиони фунти за да го обезбедат потписот на Бразилецот.

Токму Вилијан беше стрелец за Челси во последниот натпревар кој овие два тима го одиграа пред пет дена. Бразилецот во моментов е најдобар играч на Челси, а беше миленик на Мурињо кога тој беше тренер на овој клуб па се верува дека токму Португалецот може да го убеди да се пресели на „Олд Трафорд“.