Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Жозе Мурињо на денешната прес конференција пред натпреварот со Вест Хем потврди дека од клубот се во преговори со Златан Ибрахимовиќ за да се врати во црвениот дрес.
„Тој е повреден и му треба време да заздрави, се уште не е подготвен да игра. Не е нешто итно и нешто што форсираме да го направиме брзо. Смеам дека тој беше јасен тоа што го направи минатата сезона не е доволно за него. Тој мисли дека може да дава уште на највисоко ниво, па ние имаме разговори и ја дискутираме можноста тој да остане со нас за вториот дел од сезоната“- коментираше Мурињо.
За Ибрахимовиќ веќе се заинтересирани неколку клубови меѓу кои Милан и Лос Анџелес Галакси.