Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Манчестер јунајтед најверојатно ќе се раздели со Давид Де Хеа, а како потенцијални замени за него се споменуваат Јан Облак, Џордан Пикфорд и Кејлор Навас.
Во дуелот против Јанг Бојс, Давид де Хеа имаше спектакуларна одбрана, со која го спаси Јунајтед од срам.
„Де Хеа е најдобар голман во светот и ако нашите амбиции се да бидеме голем клуб, ни треба најдобриот голман во светот“, кажа Жозе Мурињо.
Сепак, Мурињо сигурно нема да го „купи“ Де Хеа со една изјава бидејќи Шпанецот не е задоволен од амбициите на клубот, кој не се бори за трофеи ниту сезонава.
Наводно, „црвените ѓаволи“ најзаинтересирани се за Облак, кој има откупна клаузула од 87 милиони фунти и договор, кој завршува во 2021 година.