Мурињо: Рашфорд е млад и незрел


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јунајтед победи на натпреварот против Барнли со 2-0, а од почетокот на натпреварот тимот од Манчестер започна агресивно и мотивирано.

Мечот беше одбележан со неколку ситуации, промашениот пенал на Погба и глупоста на Рашфорд, кога со глава го удри со искусниот домашен дефанзивец Фил Бардсли. Среќа што овој потег на Рашфорд не влијаеше на натпреварот и на резултатот, но секако ќе пропушти неколку натпревари поради казната која што ќе следи.

„Не знам што се случи, но би рекол дека тоа беше наивно. Рашфорд е млад и наивен, а Бардсли многу искусен човек“, рече Мурињо за BBC спорт.